Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Карпалак“ и ул. „Лазо Филипоски“ .

Денес завршија реконструкциите на водоводната мрежа на уште две улици односно на ул „Карпалак“ и ул „Лазо Филипоски“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
На улицата „Карпалак“ старата азбестна водоводна линија од DN100, е заменета со нова линија полиетилен DN110 во должина од 162 метри, дадени се 4 приклучоци со должина од 40 метри.
На улицата „Лазо Филипоски“ старата азбестна водоводна линија, е заменета со нова линија полиетилен DN63 во должина од 23 метри, дадени се 5 приклучоци со должина од 35 метри.
Со овие реконструкции 9 домаќинства од улиците „Карпалак“ и „Лазо Филипоски“ се ослободија од старите дотраени азбестни линии.

Share on facebook
Сподели на Facebook