Почитувани граѓани на општина Прилеп на ден 15.10.2019 поради намален доток на вода од Студенчица во високото градско подрачје односно населбите Варош, Тризла и Рид од 17:00 до 22:00 часот водоснабдувањето ќе биде нарушено, додека останатите делови од градот односно во ниската зона на градот водоснабдувањето ќе биде нормално. Со напорите што ги прави ЈКП “Водовод и канализација” се очекува водоснабдувањето за утрешниот ден 16.10.2019 да биде нормално во целата територија на општина Прилеп. За дополнителни промени благовремено ќе бидете известени.
Ви благодариме за разбирањето.