Соопштение на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп

Почитувани граѓани и представници на медиумите,

Во текот на денешниот ден ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја стави во функиција бунарската станица Кишовица oрушица и внесе дополнителни 60л вода во секунда во системот за водоснабдување на нашиот град. Исто така работниците на нашето комунално претпријатие континуирано се на терен и со манипулација на вентилите, како и штелување на регулаторите за притисок вршат постојано пренасочување на водата со цел секое домаќинство да добие доволно количество на вода. Во овој момент состојбата со водоснабдувањето на општина Прилеп е стабилна и сите делови на градот добиваат задоволувачко количество на вода. Очекуваме ваквата стабилна состојба да се задржи во текот на наредните денови, а доколку има промена навремено ќе ве информираме.

Со почит,
 ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп

Share on facebook
Сподели на Facebook