Вработените од ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп присуствуваа на дводневна теренска обука за работа со опрема за детектирање на дефекти

 Вработените од  ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп присуствуваа на практична,  односно теренска дводневна обука за работа со ново набавената опрема за детектирање на дефекти.
Обуката ги опфати следните инструменти:
– Корелатор
– Два детектори за феромагнетски материјали
– Дата логер GSM/GPRS со повеќе канали
– Камера за отпадна вода
– Локатор и тракер за цевки со вода
 Обуката се одржуваше на : ул.”Петар Ацев” и ”Републиканска ”  каде беше демонстрирана работа со локаторот  и тракер за цевки со вода, потоа на Пречистителната станица се користеше Камерата за отпадна вода и на крај на ул.”Мариовска”  беше демонстрирана работа со Корелатор и детекторот за феромагнетски материјали.

 Со оваа обука вработените се стекнаа со знаења за ракување со опремата, а со тоа  побрзо и поефикасно да ги решаваат проблемите кои ги имаат граѓаните со водоводната и канализационата мрежа. 
Во следниот период ќе следува и обука за работа и управување со Гис релациона база на податоци ондносно  Географско информационен систем (ГИС) е систем кој е дизајниран за снимање, чување, манипулирање, анализа, управување и презентирање на просторни или географски податоци. ГИС-апликациите се алатки кои овозможат интерактивни пребарувања, анализирање просторни информации, уредување податоци во мапи и презентирање резултатите од сите овие операции а со истиот се олеснува работата на вработените во ЈКП “Водовод и канализација” и се убрзува услугата кон граѓаните .

 

Share on facebook
Сподели на Facebook