Во тек се завршните подготовки за почеток на годинешниот 17-ти „Пивофест 2019“ и нема дилеми дека Прилеп ќе има уште едно успешно издание на фестивалот на пивото. Тоа на денешната прес конференција го истакнаа градоначалникот Илија Јованоски и директорите на јавните претпријатија кои, секој од својот домен на работа, имаат значајна улога во обезбедувањето услови за успешна организација на оваа манифестација.

ЈКП ‘Водовод и канализација’ во координација со локалната самоуправа, ги презеде сите дејствија во рамките на своите надлежности во насока на успешна организација на годинешниот ‘Пивофест’. Изградени беа водоводни и одводни линии до секој штанд, а можам да дополнам дека се комплетирани екипи кои што ќе бидат на терен 24 часа, заради отстранување на секој проблем кој евентуално би се појавил за време на одржување на манифестацијата, а кој е во надлежност на јавното комунално претпријатие“, потенцираше директорот на ЈКП „Водовод и канализација, Емил Јанески.