Во Прилеп се одржа шестиот работен состанок WATenERgy CYCLE

Во рамките на проектот WATenERgy CYCLE, предводен од ЈКП Водовод и канализација-Прилеп, како дел од програмата INTERREG BALKAN-MEADITERRANEAN од 02.07.2019 до 04.07.2019 во Прилеп се одржа шестиот работен состанок.
На 02.07.2019 се одржа Техничка работилница на која беа присутни претставници од повеќе фирми од државни и јавни институции од Македонија и од странство, како и партнерите од Грција, Албанија, Кипар и Бугарија што се дел од проектот WATenERgy CYCLE. Голем дел од нив се претставија со свои презентации, презентирајќи ги нивните производи, сугестии и студии.
На 03.07.2019 се одржа работен состанок со партнерите од проектот, на кој се разгледуваше и дискутираше за моменталната состојба на тековните активности во самиот проект. Секој од партнерите ја претстави својата тековна активност како и дотогашната завршена работна обврска.
Третиот ден 04.07.2019, беше резервиран за техничка посета на ЈКП Водовод и канализација- Прилеп како и посета на Пречистителната станица. Имено, при посетата на ЈКП Водовод и канализација, на партнерите од проектот им беше презентирана опремата за детектирање на дефекти која е набавена со средства од проектот WATenERgy CYCLE. Потоа, беше организирана и посета на Пречистителната станица, во која од стручно лице им беше објаснета целата постапка на пречистување на отпадните води, од нивно собирање, нивна обработка, до добивање на финален производ.

Share on facebook
Сподели на Facebook