Во текот на оваа недела се започна со реконструкција на водоводната линија на ул. Љубе Грујоски ( Савска) во населбата Жабино маало. Постоечката поцинкувана водоводна линија се менува со полиетиленски цевки со дијаметар 90.
Со реконструкцијата ќе бидат опфатени и сите ќуќни приклучоци. Во исто време пет семејства за кои досега беше невозможно да се вклучат во постоечката канализациона мрежа по пат на гравитација, истите ќе бидат вклучени во колекторскиот систем со пумпна станица за отпадни води што претставува новитет во работењето во Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација – Прилеп.