Известување за овозможување на услови

Почитувани корисници ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп врши редовно месечно читање на Вашите водомери со цел точно да Ви биде фактурирана потрошената вода. За да можеме оваа своја намера да ја реализираме, апелираме до Вас почитувани корисници, Вашите водомери да бидат достапни за читање.

Согласно, Ве известуваме дека имате законска обврска да овозможите услови нашите екипи да ја утврдат потрошената количина на вода и да ја утврдат исправноста на водомерот.

На овој начин ќе се избегнат разликите за фактурирана вода и Ваш интерес е водомерот да биде точно прочитан!

Доколку не ги обезбедите наведените услови, наплатата ќе се врши со пресметка која што е во согласност на Одлуката на Управниот Одбор на ЈКП „Водовод и Канализација“- Прилеп од седницата одржана на 28-04-2004 год., каде е предвидено надоместокот за потрошена вода да се наплаќа паушално-10м3 по член од домаќинство.

Ви благодариме за Вашето разбирање и соработка!

Share on facebook
Сподели на Facebook