Прилеп доби најсовремена Прочистителна станица

Прилеп доби најсовремена Прочистителна станица на отпадни урбани води во Р. Македонија со капацитет да опслужува 100 000 луѓе, која официјално беше пуштена денес во употреба.

Прочистителна станица на отпадни урбани води е изградена со пари од Европската Унија со 17 милиони евра и Владата на Р. Македонија, а вкупната вредност е 23 милиони евра. Во овој проект беше вклучена и замена на 60км канализациона мрежа.

Прочистителната станица ќе придонесе почиста животна средина во Пелагонискиот регион, што би значело третман на отпадни води, намалување на загадувањето на Прилепската река, подобар квалитет на живот на граѓаните.

Share on facebook
Сподели на Facebook