Финансискиот сектор на претпријатието ги извршува сите активности поврзани со финансиските активности од читање на состојбата на водомерите во куќните приклучоци, печатење на сметки за потрошена вода, наплата на сметки за вода, директен контакт со корисниците за сите потреби кои претпријатието може да ги реализира преку својата дејност, активностите поврзани со правниот статус и организацијата на претпријатието како и регулирање на статусот на вработените во претпријатието. Финансискиот сектор е поделен на следните одделенија:
- Одделение сметководство
- Одделение наплата
- Одделение за автоматска обработка на податоци
- Одделение правни работи
- Одделение човечки ресурси
- Одделение комерција