Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Град Прилеп и е составен од афирмирани и познати стручњаци од областа на водоснабдувањето.
Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Град Прилеп со Решение за именување. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.
Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите а исто така и Заменик Претседател кој се избира исто од редот на членовите.
Претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите на Управниот одбор и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.
Членови на Управниот одбор се:
– Никола Габроски
– Филип Попоски
– Горан Илијоски
– Николче Карапеески
– Дарко Ацески
– Благица Трајчевска
– Денис Трајчески