За нас

ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп, е јавно претпријатие од јавен интерес и врши комунално– стопански дејности во урбаната заедница на град Прилеп, со професионален однос кон граѓаните и одговорност за водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води.
Водата за пиење која што ја дистрибуира ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп, е од витално значење за животот на населението. Водоснабдувањето на Прилеп е со степен на висок квалитет на вода која што доаѓа од изворот „Студенчица“- Кичево по пат на гравитација. Тоа значи дека водата е релативно ефтина во однос на другите водоснабдителни системи во Република Македонија, кои што користат електрична енергија како дополнителен трошок и други хемиски средства за прочистување на водата.
ВиК со својата упорност и напорно работење, постојано наоѓа соодветни решенија за имплементирање на добра релација на претпријатието со корисниците на услугите. Ваквиот начин на ефективно работење на ВиК е зависен од редовното плаќање на сметките за вода од страна на корисниците.
ВиК ги зголеми своите активности и за одржување на водоводната мрежа и намалување на истекувањата на водата, а ги цени сите контакти со граѓаните.
Потрошувачката на питката вода е доста зголемена и ЈКП ВиК го разгледува ова невнимание на граѓаните. Меѓутоа, дел од корисниците на услугата појавуваат несовесно однесување во користењето на свежа и квалитетна вода за пиење, што претставува сериозен проблем на редовното и квалитетното водоснабдување на градот.
За остварување на крајната цел, навремено и квалитетно извршување на водоснабдувањето на нашиот град, покрај ангажирањето на ЈКП ВиК, потребно е и подигање на повисоко ниво на совеста на граѓаните, во поглед на почитување на облигационите односи, односно редовно исполнување на обврските.